Измените на Кривичниот законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Три дена пред да се заокружат точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, со што дозволи предметот за Сончев Град да добие апсолутна застареност.

Со одлуката на Апелација, шестмината кои добија осудителна пресуда во „Топлик“, на повторено судење ќе бидат ослободени од прогон, бидејќи согласно новиот Кривичен законик, како на првообвинетиот екс министер за транспорт, Миле Јанакиески, така и на другите петмина обвинети, делата им застареа во февруари годинава.