ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДБРАНА
Foto

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДБРАНА

Со или без Шпанија земјава се наоѓа пред самиот финиш за во НАТО процесот, но затоа дома потребно е да се завршат обврските кои ни се зададени од алијансата, а тоа подразбира и промена на Законот за одбрана, рече министерката за Одбрана, Радмила Шеќеринска на брифингот со новинарите. Шеќеринска потенцираше дека законот е застарен и истиот мора да подлежи на измени идополнувања, за истиот кажа дека помина во Влада сега ќе треба да се најде во собраниска процедура и за истиот потребно е двотретинско мнозинство. Новина во измените на законот е тоа што покрај АРМ во мировни мисии ќе може да учествуваат и припадници на Министерството за одбрана. Шеќеринска потенцираше дека напад на било која земја членка на НАТО би била и напад на земјава за тоа според нејзе е повеќе од потребно Македонија да биде дел од НАТО алијасата.

На брифингот покрај новитетите кои произлегуваат од Законот за одбрана, Шеќеринска се осврна и на Законот за класифицирани информации потенцирајќи дека во земјава се штанцале НАТО сертификати така што нејзина интенција е бројката од 1.500 да ја намали на 300 сертификати кои ќе важат за време на мисијата, за разлика од претходно, кога сертификатите биле неколкугодишни.Со новиот Закон за одбрана ќе биде належно и запазување на родовата перспектива, дополнителна новина која ќе произлезе е тоа што во НАТО мисиите ќе може да учествуваат и докторите како резервисти само по нивна иницијатива, и со одлука на Министерство за одбрана.

0 Коментари

Остави коментари