Изменет сообраќаен режим во Скопје поради велосипедско дефиле
Foto

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради велосипедско дефиле

Во Скопје денеска ќе има изменет сообраќаен режим поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили“ што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8 Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

0 Коментари

Остави коментари