Изложбата „Архиметрии“ ќе биде отворена во МКЦ
Foto

Изложбата „Архиметрии“ ќе биде отворена во МКЦ

„Архиметрии“ е прва самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ. Проектот има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектнската фотографија.

Проектот има цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и современата архитектура воопшто, да ја предочи заемната и длабока врска на фотографијата како медиум, и архитектурата. Да ги истакне посебноста и значењето на архитектонската фотографија, како релевантен визуелен медиум, но и промовирање и документирање на архитектонското домашно и странско наследство.

„Архиметрии“ е замислен како панорамска изложба на фотографии во кои главниот мотив и конструкт е архитектурата. Фотографиите во себе содржат вредности како ликовната естетика, естетиката на архитектонскиот јазик, но и документарна вредност. 

Во фокусот на истражувањето на авторката во фотографијата е откривање и потенцирање на формата, скулптуралноста, графизмот, текстуралноста и други фактури кои сведочат за одреден архитектонски јазик, но  воедно и еден авторски агол на гледање и градење на современата архитектонска фотографија. 

Авторката Андријана Тилиќ живее и работи во Скопје. Таа е дипломиран архитект при Архитектонскиот факултет во Скопје, активен магистрант на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Професионално се занимава со фотографирање на архитектонски простори, соработувајќи со голем број архитектонски бироа. Притоа активно придонесува за развојот и афирмацијата на архитектонската фотографија во нашата земја.

Изложбата ќе биде отворена во МКЦ во среда на 25.11.2020.

0 Коментари

Остави коментари