Изложба во музеј на Град Скопје „Носталгија за младоста и забавите во Скопје и Југославија“

„Љубовта кон Скопје ме поттикна да го направам овој проект”, вели Сашо Станојковиќ, кој е креатор на изложбата носталгија за младоста и забавите во Скопје и Југославија. Повозрасните посетители емотивно ќе ја доживеат, а помладите ќе се запознаат со дел од историјата на градот Скопје и на Југославија. Изложбата ќе биде повторно поставена во музејот на Град Скопје по новогодишните празници.