Изложба во чест на Тоше Проески

Изложбата „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.

На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.

Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.