Изложба „Вибрации“ во Порта „Македонија“
Foto

Изложба „Вибрации“ во Порта „Македонија“

Изложбата „Вибрации“ на „Галерија ’73“ од Белград, Србија вечер ќе биде отворена во Порта „Македонија“. Изложбата содржи дела во масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ.

Како што е најавено, во присуство на авторите, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорките на Музејот на македонската борба – Скопје и „Галерија ’73“, Даниела Николова и Мирела Пудар. Изложбата ќе ја отвори амбасадорката на Србија во нашата држава Душанка Дивјак Томиќ.

Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ се истакнати претставници на современата ликовна сцена од регионот со голем број самостојни и групни изложби. Македонската изложба е продолжување на соработката на Музејот на македонската борба со „Галерија ’73“ од Белград.

Изложбата ќе биде отворена до 8 март 2020 година.

0 Коментари

Остави коментари