Изложба на Љупчо Бојаров „Анатомија на цртежот“
Foto

Изложба на Љупчо Бојаров „Анатомија на цртежот“

Изложба „Анатомија на цртежот“ на академскиот сликар  Љупчо Бојаров ќе биде отворена вечер во 19 часот во изложбениот простор на Пионерскиот дом во Гевгелија.  

Ќе бидат преставени цртежи на Бојаров изработени во период од 1985 – 2019 година. Ликовните дела се изработени во повеќе материјали: молив, туш, бајц, дрвени боици, пастел, целулоза, лепила, дрво, јаже, природни пигменти, природни материјали…

Изложбата во Гевгелија ќе ја отвори ликовната уметница Мирјана Крстева Массети.

–Бојаров своето субјективно искуство го отелотворува во објективен свет и не води на патувања во времето, идно или минато. Тој не слика увертира туку ја претставува кулминацијата од едно духовно доживување сублимирајки повеќе материјали за визуелизација на своето дело. Го негува симболот како модус на изразување. Симболот чие толкување онемува…  Делата потсетуваат на палимпсест, на волшебство на сеќавањето, на индивидуалната драма…Неговите автентични проникнувања, рефлексии суптилно раскажуваат за неговата творечка физиономија. Визуелната моќ на симболите, колорот, пастелните претопувања,  различните материјали проектираат мудро обоена тишина која сведочи за авторовата приказна, вели Крстева Масети.

0 Коментари

Остави коментари