Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул
Сликарката Јана Манева-Чупоска изложува цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“ во Македонскиот центар во Истанбул. Изложбата се состои од триесетина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.
- Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес за 2024 година.