Изложба на фотографии „Фото колонија Пелагонија“
Центарот за европски развој и интеграции од Битола вечерва во Центарот за култура, ќе презентира 25 фотографии на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион изработени од 18 фотографи.
Станува збор за фотографии изработени на работилници одржани под менторство на професорот Роберт Јанкулоски и Далибор Митковски .
Организаторот информира дека освен креативната и едукативната компонента на проектот тој има и архивистичка функција, а една од неговите цели е и создавање на фотогафска архива на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион.
Проектот го реализира Центарот за европски развој и интеграција- Битола, и е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола , Центарот за култура Битола и БВ бизнис груп.