Изложба на дела од Петар Лубарда во МСУ

Во Музејот на современа уметност во Скопје на 1 март во 20 часот ќе биде поставена изложба со дела од српскиот уметник Петар Лубарда.

 

На изложбата првпат ќе биде претставена целата зибрка на уметнички дела што Лубарда ја подарил во Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со што тој станал еден од првите и најголеми дарители на Музејот.

Изложбата е во организација на МСУ- Скопје, Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија, Министерството за култура и медиуми на Црна Гора и македонското Министерство за култура, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.