Изложба на акварели од Љубен Цветкоски во „Ко-Ра“
Foto

Изложба на акварели од Љубен Цветкоски во „Ко-Ра“

Изложба на акварели од Љубен Цветкоски вечер ќе биде отворена во Галеријата „Ко-Ра“, нов салон – сутерен во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.

На отворањето на изложба поетски настап ќе има поетесата Славица Б. Лазаревиќ од Србија.

Цветкоски е роден 1952 година во Охрид. Магистрирал акварели како ликовен педагог во класата на проф. Симон Шемов. Има изложувано во САД, Австрија, Чехословачка, Русија и во земји од регионот.

0 Коментари

Остави коментари