Изложба „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“
Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.
- Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.