Изложба „Алегории” на уметникот Игор поп Трајков
Долготрајната потрага на уметникот Игор поп Трајков по значењето во современоста, како и современото значење, кои се дел од западната цивилизација, се преточени во неговата петта самостојна изложба наречена “Алегории”, која е изложена во рамки на програмата на фестивалот Скопско лето, во галеријата Ко-Ра.
Во оваа изложба, Трајков ни претставува и композиции кои се комбинации на дидактика, историја и уметност, антропологија и политика. Изложбата ќе биде достапна за јавноста до 28 јули.