Изградбата на регионалната депонија во Новаци
Foto

Изградбата на регионалната депонија во Новаци

Oпштините од Југозападниот регион ја подготвуваат документацијата за изградба на регионалната современа депонија која ќе биде со седиште во Новаци, а ќе го собира отпадот од целиот регион.

Депонијата ќе биде изградена според сите современи еколошки стандарди. Ова решение ќе стави крај на проблемите со отпадот и ќе ја затвори депонијата на Буково на чие штетно влијание сугерира Унеско период наназад вели охридскиот градоначалник. 

Пецаков информира и дека при крајбрежје е изработката на планот за управување со охридското крајбрежје со кој би требало да се решат повеќето проблематични теми за зачувување на статусот и очекува Унеско на следниот мониторинг да се произнесе позитивно по однос на преземените мерки и напори на Општината. 

Инаку депониите во регионот после дивоградбите се најголема рак рана за УНЕСКО. Таа на Буково и струшката дива депонија според организацијата со години се најголемите загадувачи на животната средина во охридско-струшкиот регион. 

 

0 Коментари

Остави коментари