Рокот за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани ќе биде продолжен за две години, односно до декември 2029 година, најави министерот за транспорт, Александар Николовски. Не се очекува зголемување на цената на проектот што го реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“.
