Изградбата на главната гасоводна мрежа ќе заврши до крајот на годинава
Изградбата на главната гасоводна мрежа или преносниот систем ќе заврши до крајот на годинава. Директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи за ТВ 24 вели дека градежните работи на дел од трасата се изменети и затоа има мало пролонгирање на роковите, а тоа е поради барањето на финансисерот на проектот, односно Европската банка за обнова и развој. За да се затвори целиот прстен потребно е да се изградат уште 160 килиометри гасоводна мрежа. Но потоа ќе следува и изградба на дополнителни делници кои ќе се приклучуваат на преносниот систем. Реџепи вели дека дел од гасоводната мрежа функционира и денеска. На ден се дистрибуираат 100 илјади метри кубни гас. А мрежата според информациите ќе се надградува и пушта во употреба според потребите на пазарот.
„Целиот прстен да се затвори да се затвори преку Гостивар, Кичево преку Охрид и Битола. Но ќе има и други делници, од Свети Николе до Велес, ќе имаме нов интерконектор со Србија, најверојатно ќе имаме и интерконектор со Косово иако имаме таму застој. И ќе се градат многу краци до трговските зони, до влезовите на градовите. Целиот систем ќе биде во развој во следниоте 30 години. “
Компанијата која ќе биде избрана од страна на посебна комисија ќе стопанисува 35 години, а инвестицијата се проценува на околу 700 милиони евра за изградба на дистрибутивната мрежа. Обврската на инвеститорот ќе биде во првите неколку години да изгради 50 отсто од дистрибутивната мрежа во градските средини и 20 отсто во руралните средини. Интересно е тоа што мрежата ќе се шири од градовите кон селските средини а цефки за гас не е предвидено да се поставуваат онаму каде што има има централно парно греење.
„Две турски компании се во игра да го добијат бизнисот за изградба на дистрибутивната мрежа за гасификацијата во земјава. Односно, од главните цевки да биде поврзано до општините и до крајните потрошувачи или домаќинствата. “
Во моментов можност за користење на гас во домовите има во Стумица и во Куманово. Исто така индустриските развојни зони имаат инфраструктура за користење на гас како главен енергенс за компаниите кои се таму сместени. Надвор од зоните во моментв гас користат нешто над 50 поголеми индустриски капацитети.