Изгорената зграда на поштата заглавена во лавиринтите на одговорноста на надлежните

Шалтер салата беше во функција се до 2013 кога изби и пожарот. Архитектот Јанко Константинов, дизајнира кружна експресивна форма која наликува на лотосов цвет, а е излиена од натур бетон. Во тој пожар беа оштетени и ѕидните мурали на уметникот Борко Лазески.

Крикот за спас на ова архитектонско дело и понатаму продфолжува, многу политичари поминале покрај ова ремек дело особено ако се има во предвид фактот дека зградата на Владата е на само неколку метри оддалечена па така неизбежен е погледот кон овој лотос од бетон.

Архитектот Благица Стојчевска која е и дел од тимот кој ја поднесува апликацијата за номинација на пошта во 7-те најзагрозени објекти во Европа, вели дека симболичниот грант од 10.000 евра е добра основа за спас на она што прераснало во европско наследство. 

Ние апелиравме за негова заштита, за негова реконструкција во форма која што ќе биде одлучена врз основа на повисоките интереси на државата. Нормално тука треба да биде вклучена многу поширока група на фактори кои што ќе донесат одлука за што најдобро би било наменет овој објект. СО оглед на тоа дека тој во моментот не се користи, не е во функција, освен периферниот дел на оибјектот, така да предметот на тоа каков третман ќе има возобновениот објект е една одлука која што по мене, со оглед на тоа дека веќе не се работи само за национално културно наследство туку и наследство на Европа.“ - вели Благица Стојчевска дел од тимот кој ја подготви апликацијата з аноминација на Шалтер салата

Се огласија и од Министерство за култура, велат дека Пошатата треба да постапи по заклучоците на Владата и да донесе одлука за предавање на Шалтер салата на Министерството за култура за да продолжи постапката за заштита на објектот.

„Управниот одбор на АД Пошта треба да ја согледа важноста на објектот, и вредноста што ја има како културно наследство препознаено и од европската стручна јавност, и да обезбеди услови за отпочнување на негова реставрација и заштита. Секое одложување на соработка е на штета на вредниот објект, кој секојдневно се доуништува и руинира, пропаѓа и дава грда слика за градот и за државата.“ - вели министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Директорката на Пошта, Бујаре Абази е на ставот дека доколку има било каква владина одлука ќе биде испочитувана.

„Нашите финансиски можности не дозволуваат да ние таа ја реконструираме и ја вратиме во повторна употреба како што беше Шалтер сала и телефонски кабини така да е добро да се размисли и тоа сигуирно на повисоко ниво и да с енајде некоја друга функција за да може да служи на општиот јавен интерес.“ - вели директорката Абази.

Од Влада и понатаму молк, нема одговор дали ќе преземат некакви чекори за заштита на ова културно наследство. Исклучително моќната структура е изработена од армиран бетон, во форма на цвет на лотос и објектот може стилски да се опише како бруталистички, и е еден од најсилните обележја на модернизмот во светски рамки. 

Шалтер салата на Централната пошта во Скопје е во листата на 7-те најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021 година.