Изгореа 4 камиони на плац во Бутел
Foto

Изгореа 4 камиони на плац во Бутел

Изгореа четири камиони на плац во Бутел, откако доцна вечерва избувнал пожар. Во гаснењето се вклучени 7 возила, пожарот е локализиран и не ги зафатил останатите десетина камиони на шпедицијата. На соседниот плац има цистерни и градежни машини.

“Интервенција на паркинг за камиони во Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и прилолки. Пожарот е под контрола се работи на негово догасување”, велат од Противпожарната бригада во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари