Изгоре покривот на Безистенот во струшката чаршија
Пожар ова утро ги разбуди стружани. Се запали безистенот во центарот на чаршијата. Огнот најпрвин избувнал во едно од кафулињата на последниот кат на објектот, огнените јазици со голема брзина се прошириле кон кровот, а чадот кон соседните дуќани.
За среќа нема повредени само материјална штета велат од противпожарната служба кои гасеа со три возила и единаесет пожарникари цели два часа.
Вработените и посетителите на безистенот, кој дејствува како трговски центар во срцето на струшката чаршија со голем број дуќани и угостителски локали, веднаш го напуштиле. Граѓаните велат објектот мора да се чисти повеќе.
Причините дополнително ќе се испитуваат, но претпоставките се дека пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација.