„Изгор живеачка“: Тешко зимница годинава
Граѓаните ја губат битката со поскапувањето на храната. Разочарани се дека новата влада не ја продолжува политиката на носење мерки за подобрување на куповната моќ. Производите кои некопгаш беа редовни на трпезите сега за најголем дел од граѓаните станаа луксуз. Пред камерата на Телевизија 24 велат дека живеачката станува се поскапа.
Анкета граѓани
„Бев на Битпазар да купам домати, 100 денари а треба пинџур да правам, и сега ништо ќе побарам по кантите. “
„Посебно овошје и зеленчука стануваат луксуз.“
„Ако порано нешто било 50 денари, сега е 100 – 150 денари. Секој тоа не може да си го дозволи.“
Законот кој треба да ги елиминира нефер трговските практики треба на сила да стапи за десетина дена. За да се прилагодат кон новите правила за работа, на трговците им беше даден рок од шест месеци по услојувањето на законот. Но бизнисмените сега му се жалат на премиерот Христијан Мицкоски дека им е потребен дополнителен период, а тој пак, и покрај астрономските цени во маркетите, им порача дека има можност законското решение да се одложи за дополнителен период.
Христија Мицкоски, премиер.
„Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи само да биде имплементирано како што треба. “
Последната пресметка на синдикалците за минималната кошничка изнесува 60 570 денари. Само за храна на едно четири члено семејство му е потребна цела минимална плата, односно 22 илјади денари.