“Изгор“ празнични цени
Пазарите обoeни во шарено, но со солени цени. Производи има, но дали има и купувачи? Празнично, граѓаните соочени со зголемени цени, пред се' на овошјето и на зеленчукот кои се дел од празничната посна и мрсна трпеза.
Цената на јајцата е различна, но, една табла може да се купи за 150 денари. Значително повисоки цени имаат и другите производи. Килограм пиперки чини над 160 денари, крставицата 120 денари. Во месарниците килограм јагнешко, пак се продава за скоро 600 денари. Граѓаните велат, навикнати се на овие презнични ценовни шокови, но и дека внимаваат колку и што ќе купат.
„Цените се поскапи од претходно и во маркетите и на пазарите. А, за Велигден потребно е јагнешко месо, јајца да се офарбаат, децата ќе ни дојдат на ручек.“
„Секогаш за Велигден, кај нас, цените се покачени, а треба да бидат намалени.“
„На една велигденска трпеза треба да има: месо, офарбани јајца, салата, домашна погача, баница и да се собере целото семејство. Со оглед на цените, оваа година ќе има месо на трпезата, во зависност кој колку може да си дозволи.“
Раздвиженоста на пазарите е зголемена за време на празнците, велат продавачите. Повисоките цени ги правдаат со зголемените трошоци за проиводство.
„Цените се различни. Во оние производи во кои е вложен зимски труд, енергенси, како доматите и крставиците-тие се малку поскапи. Додека пак, марулата, кромидот се поевтини. Самата побарувачка ги диктира цените. Поголема понуда-помала цена, помала понуда-поголема цена.“ - вели Николе Велковски продавач.
Оваа година во споредба со минатата, побарувачката за јагнешко месо е поголема. Според анализите на луѓето од месната индустрија, поради повисоките трошоци, цената треба да биде повисока.
„Цената на јагнешкото месо, со оглед на тоа дека ако се соберат сите сегменти, би требало и цената да биде повисока, но остануваме на еден вид конкуренција, во мо ентов е 599 не верувам дека ќе се качува цената. Овогодинешната цена во однос на ланската не е многу различна, за разлика од фактите кои беа со ценовните шокови.“ - вели Илија Глигороски месар.
Изминатиот период месото и месните производи беа во групата на оние чии цени растеа. На месечно ниво во март во споредба со фверуари годинава беше регистрирано забавување на вкупната инфлација на ниво од 0,9%.