Изгор цени на пазарите и продавниците, купувачите се мачат, продавачите се обидуваат да заработат

Новогодишните празници се мотивација и разбудам креативноста во мене - користам материјали пред се од природата, изработувам реквизити за овие празници да внесам топлина во домовите кај моите клиенти.

На возрасни години не ми е тешко да одвојам месец дена да правам нешто што ме исполнува. 

На ден пред дочекот на Нова година, поради празничното работно време може да се забележи  поголема раздвиженост.

Двоцифрена инфлаација, скап животен стандард и ниски плати, а високи цени на производите по рафтовите. И оваа година ќе помине во знакот на сиромаштијата. Но сепак, како и да е, некои поскромно други со полуксузни трпези и забави за најлудата ноќ, секој со своите можности, народски кажано на кој колку му е долга чергичката ќе си ги пушти нозете.