„Изгор цени“
Се бара поголема прегледност на цените за производите што ги објавуват трговците на интернет, Власта пак размислува да воведе генерална ценовна страна. Инструмент како купувачите полесно би споредиле каде е најевтино за пазарување.
Претседателката на организацијата за заштита на потрошувачи Маријана Лончар Велкова вели дека засега до нив нема пристигнато жалби од граѓани за непрегледно објавените цени на производите, но смета дека начинот на кој се објавуват цените се збунувачки.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е на ставот дека за објавените цени на интернет од трговците ќе бидат сублимирани за еден месец по примената на обврската.
На денешниот стручен собир во склоп на проектот „Зајакнување на правата на корисниците во финансиските услуги“. Се дискутираше за потребата од преземање дејствија за создавање на потребните предуслови за спроведување на европската регулатива за заштита на заедничките интереси на корисниците, транспозиција на Директивата за претставнички тужби.
Позитивни искуства и практики од ЕУ треба да се искористат, ова е голем предизвик за потрошувачките организации ширум Европа коментира претставничката на европската организација за заштита на потрошувачите Елизабет Брагина.
И властите се согласни дека преземањето на позитивните реформи од ЕУ како што е примерот со т.н колективни тужби а би биле во интерес на потрошувачите би било прифатливо за нив и корегира постојаниот закон додаде заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески од форумот за јакнење на правата за потрошувачите во финансиските услуги.