Изгласан законот за антидискриминација
Пратениците во Собранието денеска го изгласаа Законот за спречување и заштита од дискриминација, откако претходно пред законодавниот дом, претставници на граѓански здруженија и невладини организации, со транспаренти на кои пишуваше „Стојте си на зборот, усвојте го законот”, и „Бидете пратеници за сите граѓани”, побараа овој закон итно да биде донесен на денешната седница.
„Со законот би се надминале постоечките недостатоци во претходниот закон, затоа што се професионализира комисијата за заштиота од дискриминација, се воведуваат псотроги критериуми за избор на комисионерите и се предвидува спроведување на јавен избор на комисионерите. Се воведуваат пократпки рокови за постапката.“ - Елена Петровска – Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.
„Несомнено ќе воспостави силни законски гаранции во случај на дискриминација и обезбедување на жртвите да бараат ефикасен правен лек, особено ромската заедница, која историски трпи, системска, скриена, директна и повторена дискриминација во сите области на живеење во Република Македонија.“ - изјави Ариф Адеми – Зружение на правници Роми.
Граѓаните сметаат дека донесениот Закон за заштита и спречување од дискриминација е од особено значење за лицата со попреченост, сиромашните, ЛГБТ-заедницата, Ромите и другите маргинализирани групи на граѓани во земјава.