Изгласан буџетот на град Скопје - на повидок ли се нови коалиции?!
Гласањето на градскиот буџет ги скара власта и опозицијата откако партиите и денеска излегоа со меѓусебни обвинувања и гледишта за тоа кој во суштина коалицирал со Арсовска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ директно го впери прстот кон СДСМ ДУИ, но и Левица чии советници како што обвинуваат гласале на штета на амандманите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложило, а се однесувале на буџетот со цел да донесат подобар живот за граѓаните на Скопје.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вели ова е нов доказ дека позади Арсовска стојат советниците на двоецот Ковачевски Ахмети но и оние на Левица.
Од Бихаќка пак денеска вратија дека токму нивните советници не гласале за градскиот буџет кој сметаат е недомаќински и договорен на Мицкоски и Арсовска а зелено светло велат за тоа дале и Левица.
Буџетот за 2023 на град Скопје доцна синоќа беше изгласан со 28 гласа За и е вреден вреден 114 милиони евра. Основниот буџет тежи 72 милиони евра а дотации од централната власт ќе бидат 33 милиони евра.
Од самофинансирачки активности проектирани се нешто помалку од 6 милиони евра а од донации 2,5 милиони евра. За ЈСП Градот ќе издвои над 12 милиони евра.