Изгаснат пожарот во погон за преработка на пластика во околината на Марибор

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во погон за преработка на пластика, лоциран во околината на словенечкиот град Марибор.

Огнот го гаснеа 200 пожарникари и по два часа успеаја да го локализираат, а по пет часа целосно е изгаснат.

Според досегашните информации во пожарот нема повредени лица, а материјалната штета се проценува на неколку милиони евра.

Сè уште се истражува причината за пожарот во објект на фабриката „Плана“, каде се запали хала каде биле складирани пластични производи, а пожарот зафати површина од 9.600 квадратни метри.