Изгаснат пожар во ТИРЗ Тетово, изгоре трева и зеленило
Foto

Изгаснат пожар во ТИРЗ Тетово, изгоре трева и зеленило

Во Тетовско попладнево избувна пожар кој зафати дел од Технолошко-индустриска развојна зона со зеленило и дрвја. Не беа во опасност зградата на дирекцијата и другите производствени капацитети.

Пожарот е пријавен во СВР Тетово околу 13 часот и 45 минути, а зафатил површина западно од објектите во правец кон Тетово. Околу 15 часот и 30 минути бил ставен под контрола и изгаснат. Проблем за пожарникарите претставувал силниот ветер.

0 Коментари

Остави коментари