Изгаснат пожар на „Рузвелтова“
Foto

Изгаснат пожар на „Рузвелтова“

Пожар избувна  во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат.

Причините за пожарот се утврдуваат, а неофицијално се работи за невнимание при готвење. Ппожарот од кујната  брзо се проширил низ целиот стан.

Скопската противпожарната бригада интервенираше со  15 пожарникари и со 5 возила. Според првичните информации противпожарната екипа успеала да спречи огнот да ги зафати и останатите станови во зградата.

Станот во кој се интервенираше е изгорен, а официјалните причини за настанување на пожарот ќе се знаат откако ќе биде завршен увидот на терен кој е во тек.

0 Коментари

Остави коментари