Издадени првите дозволи за работници од Бангладеш и Непал во Македонија

Двајца работници од Непал и десет Пакистанци се на пат да добијат работни дозволи, откако македонската Агенција за вработување дала позитивни мислења за нив. Со тоа, тие ќе бидат меѓу првите легално увезени работници од земјите од далечниот исток.

Македонија се соочува со се поголем недостиг на работна сила, па работодавците се се поотворени кон идејата за увоз на работници од земји со низок животен стандард. Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи и сопственик на компанија се радува што за овој проблем се повеќе почна да се зборува. Тој добил понуда агенција да му увезе работници од Непал, но вели се уште не е подготвен за тоа.

Коморите од секторите угостителство, туризам и градежништво се меѓу најпогодените со недостиг на работници. Тие бараат уште повеќе да се либерализира пазарот на труд. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека.

Годишната квота за увоз на работна сила утврдена од Владата е 5000 работници. Досега веќе се издадени преку 3000 дозволи. Најмногу од нив се за градежници од Турција кои работат на објекти што ги градат турски инвеститори и градежници од Кина на изградбата на автопатиштата.

Поголема бројка се и сезонски земјоделски работници од Албанија и Косово.