Избришан е бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, следен на листа и охридскиот

Централниот  регистар го избриша клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола, постапувајќи по новите законски измени и одлуката на комисија за имиња на организации и здруженија, која даде негативно мислење.

Битолскиот бугарски клуб не постапи по законот и не го смени името. Следен на листата за бришење е охридскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Според комисијата, името се поврзува со фашистичка идеологија и ги повредува националните чувства на македонскиот народ, што е во спротивност со донесените измени на законот за организации.