Избрано новото раководство на СДСМ, нова влада до средината на јануари
Foto

Избрано новото раководство на СДСМ, нова влада до средината на јануари

Стефан Богоев, Фатмир Битиќи, Бисера Костадиновска Стојчевска и Перо Костадинов се новите потпретседатели на СДСМ избрани на седницата на Централниот одбор на партијата. За генерален секретар на партијата е именуван Миле Зечевиќ.

-При изборот на нови потпретседатели се раководев од тоа во тимот да има искусни луѓе препознатливи во својот ангажман во СДСМ, но и млади кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности, рече на вечерашната прес-конференција лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

За организациски секретар е избран Вангел Андрески, а за секретар за меѓународна политика Бојан Маричиќ. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе го продолжи мандатот добиен на Конгрес.

Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, и Никола Рилак.

Тој најави формирање советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, чиј претседател треба да биде Игор Ивановски.

Ковачевски, на прес-конференцијата најави дека новата влада ќе биде изгласана во средината на јануари, најдоцна до 18 јануари 2022 година. Рече дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето…

Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од партијата и изрази надеж тие ќе бидат дел и од неа во иднина.

-Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владините програми и политики. Јас сум оптиомист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме во средината на анредниот месец, до 18 јануари.  Пред новата влада ги имаме менаџирањето на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија. Верувам дека можеме сите овие предизвици да ги надминеме со стабилна Влада со мандат до 2024 година, рече Ковачевски.

0 Коментари

Остави коментари