Избрани овогодишните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025, соопштија денеска од Месна заедница Галичник.

 

- Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста со срце полно љубов и почит кон традицијата. Зетот и Невестата - Симбол на Љубовта и Традицијата. Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма, се вели во соопштението.