Изборот на нови вице – гувернери на следна собраниска седница
Aктуелната вицегувернерка Ана Митреска и директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, Игор Величковски се предлозите за новите вицегувернери на Народната банка. Третиот вицегувернер Фадил Бајрами има мандат до октовмри годинава.
Овие предлози во собранието биле доставени на 17ти овој месец, а спикерот Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека изборот на новите вицегувернери ќе биде ставен на следната собраниска седница.
АФРИМ ГАШИ
„На следната седницас ќе бидат ставени прелозите за гласање на новите вицегувернерии. За нивно изгласување се потребни 61 глас од пратениците.“
Мандатот на двајцата претходни вицегувернери истече во октомври ланската година, но поради локалните избори и изборниот законик кој не дозволува именувања и назначување на државни функционери додека ДИК не ги затвори изборите направи одложување на постапката за избор на нови вицегувернери. Од Народната банка за ТВ 24 велат дека законот не бил прекршен а со тоа и сите одлуки кои ги носеле биле законски.
Народна Банка
„“Законот за Народната банка содржи експлицитен механизам за континуитет во работата на институцијата која е клучна за макроекономската и финансиската стабилност на земјата. Имено, Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот продолжува да ги извршува своите функции со сите овластувања сè до именување на нов член. Нема правен вакуум и законитоста не е доведена во прашање. Процесот на предлагање беше спроведен внимателно и одговорно – по завршување на изборниот период. Предложените кандидати се врвни професионалци од самата институција, со долгогодишно искуство и докажана експертиза во клучни области. Суштината е јасна: институцијата функционира стабилно, а процесот на избор се води одговорно и во интерес на квалитет и континуитет„ велат од НБРМ.
Кандидатката Ана Митреска која е предложена за втор мандат, е доктор по монетарна економија и долгогодишен експерт во Народната банка, каде што од 2011 година ја предводи Дирекцијата за монетарна политика и истражување, а претходно била заменик-директор и истражувач во истата институција. Првпат таа беше избрана на функцијата вицегувернер во октомври 2018 година. Вториот кандидат Игор Величковски е доктор по монетарна економија на Универзитет во Стафордшир во Велика Британија и долгогодишен експерт во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е дел од Народната банка од 2012 година а од 2013 година ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за платни системи. Оваа функција ја извршува до октомври 2024 година, кога по институционална реорганизација е назначен за директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.
Во меѓувреме опозициската партија СДСМ го обвини гувернерот Трајко Славески за одложување на процесот на избор на вицегувернери, а целта според партијата била партизација на Централната банка. Лидерот на СДСМ Венко Филипче побара и оставка од Славески и го повика јавното обвинителство да го истражи целиот случај. Гувернерот веќе изјави дека не планира да си поднесе оставка.

