Изборниот законик денеска мегдан за нови партиски препукувања
Иако изборниот законик го проби и последниот рок од грејс периодот и остана заглавен во собраниските лавиринти - партитие и денеска ја актуелизираат темата преку партиските штабови и соопштенија откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ дирекно за ваквиот не успех и недобивањето на 4,2 милиони евра од ЕУ фондовите ги обвини опозициските партии за кои велат дека сакале да се претстават како жртви.
Од Бихаќка пак возвратија дека како што велат со оваа влада Македонија губела милјарди , а европската перспектива на земјата од ден на ден станува се понеизвесна .
Владиниот коалициски партнер Вреди пак наведуваат дека и натаму ќе инсистираат на вклучување и гласање на дијаспората и во следниот изборен процес и дека тоа е заеднички владин став.
- Едно од барањата што го поставивме се однесува на вклучување на дијаспората во гласањето на следните избори . И мислам тоа е едно барање кое го имаме и на кое ќе инсистираме континуирано . На нашиот став му се приклучи и нашиот коалициски партнер , што значи дека сме многу заинтересирани да и овозможиме на дијаспората да гласа во татковината на следните избори . Што се однесува до изборниот модел отворени сме за дискусија . Ги поддржуваме отворените листи , тоа сме го кажале и јавно и се надевам ќе имаме подобра соработка од страна на опозициските партии - Дритон Сулејмани.
Од Левица пак и денеска со Ф.Б статус:
- Не пропаднаа 4 милиони евра - ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда
Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства.
Неизгласувањето на изборнито законик значи дека и следните изборни циклуси ќе се организираат по стариот, а земјата остана за покус од 4,2 милиони евра поради неизгласувањето на ова законско решение кое беше дел и од реформската агенда . Иако во неколку наврати и меѓународните претставници повикуваа на ова законско решение сепак остана заглавено во преговорите на парламентарните групи во собраниските лавиринти.

