Изборни програми и проекти, што ветуваат кандидатите за градоначалник на Битола
Градот на конзулите во следните четири години да стане модерен и урбан дом за сите генерации и еден од најголемите економски, индустриски и културни центри со високи еколошки стандард и - ова се предвидува во програмите на двајцата фаворити за градоначалници на Битола, Христо Кондовски од редовите на СДСМ и Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ.
И двајцата ќе бијат уште една битка во вториот круг на локалните избори за тоа кој управува со овој град.
И Кондовски и Коњановски нудат решенија за проблемите на Битолчани како и ветувања за возвишување на Битола до европските метрополи.
Онаму каде се сретнуваат нивните преиоритети е топлификацијата, Кондовски ветува дека ќе обезбеди магистрален топлиснки вод од РЕК Битола до градот, но и Коњановски ќе гради систем за топлификација, а поддршка очекува од ЕЛЕМ и централната власт. И двајцата ветуваат дека ќе го релаксираат сообраќајниот метеж преку разни проекти, односно Кондовски ќе прави подземна сообраќајница под Широк сокак, а Коњановски пак ќе прави пет кружни тека.. Сообраќајниот метеж дополнително ќе го решаваат преку градење на нови улици, а ќе реконструираат и дел од веќе постоечките. И двајцата сложни дека на Битола и треба нов спортски центар, па ветуваат дека битолчани ќе го добијат- нов и модерен, со големи и мали сали за различни спортски активности.
Кондовски ги повика гласачите во вториот круг да ја одберат неговата програма со ветување дека ќе ја реализира 100%. Koњановски пак вели дека на граѓаните им е потрено локална самоуправа која ќе биде јавен сервис достапен за сите.
Резултатите од првиот круг на локалните избори се во корист на Тони Коњановски за 1.645 гласа.
- магистрален топлински вод од РЕК Битола до градот Битола
- подземна сообраќајница под Широк сокак
- нов спортски центар со затворен базен и аква парк, спортски игралишта и терени
- изградба на трите влезови во Битола
- модернизација на јавниот и такси превозот
- реконструкција и изградба на улици
- изградба на систем за топлификација
- изградба на 5 кружни тека
- голема спортска сала за спортски игри и мала сала за боречки и идивидуални активности
- доизградба на влезот на градот од страната на Прилеп со сообраќајно решение
- нов градски парк во Битола со авантуристички содржини
- подобрување на јавниот превоз
- изградба и проширување на улици за подобра инфраструктура.