Изборите за шест месеци, кампањата во полн ек, граѓаните се прашуваат, зошто воопшто да гласаат на 12 април?

Изборите за шест месеци, кампањата во полн ек, обвинувања за криминал и контра обвинувања за криминал. Најголемите политички противници не штедат зборови на сметка на оној другиот. Аферата „Рекет“, фрапантните податоции за илјадниците евра кои легнале на сметка на поранешните специјални обвинители за доверливост на информации, кои по автоматизам се доверливи, како и француското вето и се' поголемиот европски скептицизам дополнително ја зовриваат и така зоврената политичка атмосфера. И додека политичарите се навредуваат граѓаните се прашуваат, зошто воопшто да гласаат на 12 април?

Политичко соочување меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.