Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи
Foto

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат 2.708 домашни и странски набљудувачи.

За мониторинг на изборите, акредитации од ДИК добија вкупно 2.551 домашни и 158 меѓународни набљудувачи и преведувачи.

Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 1.254, на АКСИОС 2017 – 830, Цивил – Центар за слобода ќе има 315, Инклузив – Куманово 86, Националниот ромски центар – Куманово 38 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид 15, Заедно можеме – Гостивар 9 и Македонски центар за култура и развој – 4.

Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб-страницата на ДИК, 26 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 41, делегацијата на ЕУ 13, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Германија и на Велика Британија по 7, на Италија 6, на Албанија 4, на Австрија, на Швајцарија, на Хрватска и на Шведска по 3, на Бугарија, на Црна Гора, на Чешката Република и на Косово по 2 и амбасадите на Холандија, на Канада, на Босна и Херцеговина по еден набљудувач, а четири ќе има и Меѓународното здружение за човекови права.

За известување од изборите досега се акредитирани и шеесетина странски новинари.

0 Коментари

Остави коментари