Избори во Турција

Турските граѓани  пред историски избор, на неизвесните претседателски и парламентарни избори, бидејки долгогодиштиот лидер Реџеп Таип Ердоган има шанси да загуби. Се затворија  гласачките места.

А повеќе од 64 милиони граѓани имаат право на глас, 3,4 милиони од странство и над 5 милиони млади гласачи кои за првпат ќе гласаат на изборите – проценките се дека токму тие се клучниот фактор кој ќе одлучи за победникот. Своето право на глас денеска го остварија и  двајцата кандидати кои се во тесна трка- Реџеп Таип Ердоган и Кемал К,Л,Ч-ДАР ОГЛУ.

Ердоган го има најсилниот противник досега, кој најави укинување на претседателскиот систем и подлабоки врски со западните земји тој предводи широка коалиција од партии и од левицата и од десницата. Сите заедно се борат за промени. Додека Ердоган е на власт веќе две децении, прво како премиер, а потоа и два мандати како претседател.Тој има големи овластувања, но неговата шанса да изгуби на овие избори ја зголемува борбата со инфлацијата во земјата, но и трагедијата по силните земјотреси во Турција каде животот го загубија многу луѓе.

Предизборните анкети му даваат мала предност и на Синан Оган, додека Мухамед Иџе се повлече од изборната трка во четвртокот.

Доколку ниту еден претседателски кандидат не освои повеќе од 50%, се оди на втор круг гласање, две недели подоцна.Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција. 

Инаку турскиот закон забранува известување за резултати до 21 часот по локално време, кога се очекува да бидат познати првичните резултати и дали може да се прогласи победник или ќе се оди на втор круг гласање.