Изборен Законик
Foto

Изборен Законик

Многу блиску ама сепак далеку од договор се политичките партии за изготвување на новиот Изборен законик за кој што сè уште нема договор за отворените листи за советници, или за еден изборен круг на локалните избори.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека партиите се блиску до финален договор но само за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР но не и за политичките елементи на законикот.

Прашањата поврзани со функционирање на Државната изборна комиисја и финансирањето и медиумската покриеност на партиите се прашања кои се веќе решени но, рече Маричиќ остануваат разговорите за политичките прашања врзани со Изборниот законик.  

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека за измени на Изборниот законик мора да има консензус од сите политички чинители во државата, Маричиќ уверува дека се' додека не биде постигнат консензус особено помеѓу партиите кои имаат свои претставници во Државната изборна комисија тогаш, вели тој нема да биде пратен на гласање во Собрание новиот предлог на Изборниот законик.

0 Коментари

Остави коментари