Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица
Foto

Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Сите гласачки места во 13 казнено поправни установи утрината беа отворени навреме. Затворениците и притворениците во Идризово и во Шутка уште рано изутрината излегоа да гласаат. Затворениците во „Идризово“ гласаа со домски лични карти.

Претседателката на Комисијата на избирачкото место 2536 во затворот, Соња Стојановска рече дека до 11 часот во Идризово гласале 32 проценти од вкупно запишаните 817 затвореници и споредено со другите години, излезноста се движела во рамките на просекот. Во Велешката испостава на затворот до 11 часот пак, излезноста била 90%. Таму се сместени 41 затвореник. 

На избоирачкиот список немало дел од затворениците кои дошле на издржување на казната по затворање на списокот од страната на ДИК. Тие се уште се водат на нивните домашни адреси или пак во истражните затвори, каде претходно биле притворени. Во затворот во „Идризово“ во изминатите шест месеци, на барање на затворениците кои имале истечени или изгубени лични карти им било овозможено да извадат нови 150 лични карти.

На гласачкото место 2969 во затворот во „Шутка“ во списокот биле запишани 204 лица. До 10 часот на гласање излегле 57. Неколкумина од затворениците и притворените лица таму не им било овозможено да гласаат затоа што ги немало на избирачкиот список.

Со право на глас во сите казнено поправни установи се запишани 1.640 затвореници и притвореници. Во куќен притвор гласаат 12 лица. Најмногу, осум се во Врапчиште. По еден во Карпош, Кисела Вода, Центар, Кичево и Охрид и двајца ќе гласаат во куќен притвор во оштина Шуто Оризари.

0 Коментари

Остави коментари