Ивновски во 24 анализа: Најажно е да има мир и реконструкција на објектите во Газа
Амбасадорот Јон Ивновски во 24 анализа рече дека проблемот со Газа е комплексен и изјавите на Трамп се шокантни и неочекувани но идејата постои одамна. Според него во моментов најважно е да има мир во Газа.
„Тоа не е нова идеја сум ја чул од други израелски кругови и тоа за да се направи една возбуда отколку дека такво нешто е возможно. Најважно е Газа да биде нормално место за живеење. Заврши рушењето и војната сега е важно да се одржи мирот и да видиме колку ќе кошта реконструкцијата на Газа“, рече Ивновски.
Тој зборуваше и за тоа дали прашањето со Бугарија ќе биде разгледано од Трамп.
„Америка секогаш покажувала интерес и ја оценувала состојбаа во Западниот Балкан и реагирала, се сеќаваме дека во деведесеттите години за прв пат американски војници беа во униформи на ОН за да спречат да се прошири војната и најверојатно тоа имаше влијание за оваа оаза на мир да биде задржана. Дали Америка би помогнала тука не знам бидејќи спорот е малку чуден сличен како оној со Грција“, изјави Ивновски.

