Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски
Foto

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

„Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф.

Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз.

Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.

Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата“ соопшти екс-градоначалникот на Аеродром.

0 Коментари

Остави коментари