Ивановски за тв 24: Контрадикторно е Бугарија да повикува на пријателство, а да води спротивна политика

Во 24 анализа универзитетскиот професор Игор Ивановски истакна дека кризата се одразува врз сите сектори. Во однос на ставот на Бугарија, тој рече дека е разочаран од таквиот став, дека Бугарија се однесува спортивно на сите добрососедски односи.

„Добро е што не се одложи Берлинскиот процес. Во целата оваа процедура мора да бидеме смирени, а не емотивни. Ја знаеме суштината на ваквиот тип на проблеми и може да анализирме дека, кога Бугарија пристапуваше кон Европскиот сојуз и НАТО беше далеку од исполнување на критериумите за членство во ЕУ, па стана членка.“ - рече Ивановски.

Тој рече дека нашите граѓани треба да знаат дека ова е маратонска трка. Ние сакаме побрзо да ги апсорбираме фазите, за да го намалиме ризикот, за поддршка и стимулација на економијата. Процесот е поставен е што секоја држава може да не задржува на патот кон ЕУ, но користењето на аргументација од минатото за решавање на иднината, е неприфатливо, вели Ивановски.

„Не е коректно да во оваа првична фаза, Бугарија да го опструира долгиот процес. Контрадикторно е таа да повикува на пријателство, а да води спротивна политика. Ова прашање не смее да биде предмет на внатрешен политички натпревар.“ - рече Ивановски.