Ивановски со убедлива победа до четвртфинале во Тунис
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја мина и втората пречка на ИТФ фјучерсот што се игра во Монастир, Тунис на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски кој сега ја има улогата на прв носител го доби Полјакот, Олаф Пјечковски со 2-0 во сетови. Средбата на централниот терен траеше точно 1 час и 17 минути, период во кој Македонецот беше убедлив и славеше со 6-2 и 6-1 за четвртфинале на турнирот.
Место во полуфиналето Калин ќе побара преку осмиот фаворит на фјучерсот-тоа е 22 годиниот Артур Букие од Франција.