Иванов врати уште 4 закони во Собранието
Foto

Иванов врати уште 4 закони во Собранието

Нови четири закони стигнаа од вилата на Водно до законодавниот дом без потпис на шефот на државата. Иванов одбил да ги потпише законите за енергетика, за банките, за безбедност во сообраќајот и патиштата и за супервзиија и осигурување. Образложението што стигнало од собранискиот спикер е повторно истото - Иванов наведува дека одлуката за непотпишување на Указите за прогласување на законите ја донел поради фактот што при давањето свечена изјава кога стапил на функцијата Претседател се обврзал дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на државата. Од вилата на Водно ни денеска нема коментар за ветото на претседателот.

Со последната пратка од Водно непотпишаните укази од шефот на државата се 15. за претседателот на собранието- донесувањето на Џафери вели не ја загрозува иднината на земјава во ЕУ. Џафери порача дека двотретинските закони се смета дека се донесени, а заостанатите ќе има ново гласање.

За премиерот Заев процедурата мора да биде што поскоро завршена. Од Собранието за тв 24 велат дека двотретинсите закони ќе бидат објавени со еден потпис, а дека најверојатно истото ќе се случи и со оние што ќе бидат гласани по вторпат, доколку Иванов повторно реши да ги стави во фиока, како законот за јазиците и ратификацијата на договорот од Преспа. За реформските закони гласаше и опозицијата.

0 Коментари

Остави коментари