Иванов лут зошто повеќе му се верува на Нинџа, отколку на институциите
Foto

Иванов лут зошто повеќе му се верува на Нинџа, отколку на институциите

По повеќе од една година шефот на државата застана да одговори на новинарски прашања. Го демантираше вчерашното сведочење на Александар Василевски Нинџа дека на 27. април лани тој бил подготвен да прогласи воена состојба. Тоа е „Изјава од обвинет кој прави се за да одбегне тоа што му следува“. Вака претседателот Ѓорге Иванов  го опиша Нинџа за да долови кој ја зборува вистината.

„Имаше изјава и обвинителката и соопштение од армијата имаше и од кабинетот. Веројатно аншите изјави се мн поквалитетни од обвинет кој прави се за да одбегне тоа што му следува. Се прави очаен обид за да се сврти вниманието од вистинските креатори кон претседателот и неговиот кабинет. Но, нашата јавност таква е верува на обвинет а не на официјални институции“ - вели Иванов.

Василевски вчера сведочеше дека на 27. април бил во опозициската бела палата. Оттаму инструкции давале поранешниет функционери, Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски. Бришковска негира дека се јавила на собранискиот спикер Трајко Вељаноски да ги отвори вратите, откако пропаднал планот пратениците да предизвикаат инцидент.

„Дадов изјава вчера“ - рече Билјана Бришковска.

По исказот на Василевски Нинџа обвинителството најави дека ќе прави проверка на информациите.

„Обвинителство за организиран криминал „Обвинителството ги зема предвид сите податоци и искази и не може туку така да поклони верба на исказ кој доаѓа од осомничено или обвинето лице, кое може и да лаже“ - велат од Обвинителство.

Информацијата дека ќе биде прогласена воена состојба стигнала од генералниот секретар во кабинетот на Иванов, Борис Јосифовски, кој според Нинџа бил во штабот лани. Но планот според него пропаднал под влијание на странски фактор.

„И ова повикување дека јас сум се откажал затоа што има реакција од смбасади странски, па нека се јават и нека кажат кој реагирал и барал ја да не воведувам воена состојба“ - рече Иванов. 

Иванов ги демантираше наводите дека била планирана воена состојба, но не и тврдењето на Нинџа дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27. април бил присутен неговиот секретар Борис Јосифовски. За планот за воена состојба проговорија и браќата Младеновски, кои се обвинети во процесот за крвавиот четврток.

0 Коментари

Остави коментари