Иванов: Антикорупциска манипулира, закупнината на становите е 1.950 евра, а не 4.500 евра
Foto

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупнината на становите е 1.950 евра, а не 4.500 евра

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов преку соопштение реагираше на прес конференцијата на АнтикорупцискаВели дека се изнесени невистини и дека свесно се прави обид за маипулација со јавноста.

„Договорот кој го склучи службата за општи и заеднички работи со наша согласност, а е наменет за користење на простории за канцеларија на поранешен претседател, следи врз основа на законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата донесен од Собранието на Република Македонија.

Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1 950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра“ – се наведува во соопштението испратено од претседателот Иванов.

0 Коментари

Остави коментари