Ива Михаилова замина на лекување во Бугарија
Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, веќе се наоѓа во Бугарија, објави Ангел Георгиев, претставник на бугарската партија „Преродба“.
Георгиев преку социјалните мрежи соопшти дека успеале да се изборат за нејзиното враќање во Бугарија, по повеќемесечните барања таа да добие можност за лекување таму.
„Ива Михаилова веќе е во Бугарија! Успешно се изборивме за нејзиното враќање! Време беше институциите да си ја завршат работата, откако ги пропуштија првите седум месеци“, напиша Георгиев.
Нејзиниот адвокат овде, Скендер Рауфи вели бил затекнат и тој и дека немала дозвола од судот , во случајов кочанскиот кривичен суд, за напуштање на земјава. Според изјава на Михаилова за БНТ, заминувањето го средила со адвокатот од Бугарија и дека македонските погранични служби соработувале?!

