Итна евакуација! Опасност од отцепување на голем глечер од Мон Блан
Foto

Итна евакуација! Опасност од отцепување на голем глечер од Мон Блан

Поради опасноста голем глечер од италијанската страна на највисокиот врв на Алпите, Мон Блан да паднe заради високите температури, наредена е итна евакуација на населението.

Одлуката е донесена откако експертите објавија дека постои опасност глечерот „Планпенсија“, со габарити од 500.000 кубни метри, недалеку од границата со Франција, да се отцепи и да падне.

Евакуирани се 65 лица, од кои 50 се туристи, а затворени се и патиштата за сообраќај и пешачките патеки. Глечерите на алпите се следат од 2013 година, за да се утврди стапката на топење на мразот.

0 Коментари

Остави коментари